Tags » Halkidiki

What I've been up to

So I’ve been MIA for about 7 months straight. No excuses, no nothing. In these past 7 months a lot changed in my life, fortunately it changed in a positive way! 490 more words

Lifestyle

Halkidiki, Greece

The popular Halkidiki Peninsula has three tendrils stretching into the Aegean Sea. Kassandra and Sithonia draw crowds to their blissful beaches and growing adventure travel scene. 135 more words

Photographs

SANI RESORT:A MAGICAL DESTINATION FOR YOUR SUMMER HOLIDAYS

This  summer you don’t need to look for a nice and beautiful destination to enjoy your holidays. There is only one option.. Sani Resort..A real paradise on earth, only 40 min from the airport of  Thessaloniki. 658 more words

Itsmarifashion

Ситонија, Халкидики

Уште во раните утрини, кога го испружуваме патот под тркала, изгрејсонцето над Маркови Кули ветува убави доживувања.

На граница без многу задржување, со широки насмевки од далеку го мирисаме морето. Се спуштаме кон Халкидики, ја одминуваме Касандра, ја поздравуваме Ситонија.

За да се стигне до Ситонија потребни се час – два повеќе од Касандра, но тежината на патувањето не се чувствува во друштво со пејзажите на маслиновите насади и високите борови шуми. На многу места на патот има посебно направени почивалишта за намерниците – вљубеници од каде може да се видат распространети прекрасни глетки кон гратчињата и плажите на Егејско Море.

Плажите на Ситонија се природно извајани од природата, многу од нив имаат дебели борови сенки, а без исклучок, сите, имаат ситен песок и кристално чиста вода.

Овде секој може да си го најде своето идеално место: некои удобно се сместуваат на лежалките и си шмркаат кафенце слушајќи ги последните летни хитови, но има доволно простор и за оние што сакаат да уживаат во звукот на брановите и песната на птиците.

Први се поминуваат помалите местенца Геракини и Метаморфози, но ние продолжуваме кон Никити – пристаниште и најголемо гратче на Ситонија. Поради неговата поволна местоположба може да послужи како база за секојдневно истражување на блиските плажи: Калогрија, Ковиа, Лагомандра… кои морам да повторам се прекрасни. А и зајдисонцата овде се незаборавни.

Никити

Ковиа

Гратчето Неос Мармарас е оддалечено дваесетина километри јужно, а во негова близина се наоѓа резортот Порто Карас, со огромни, луксузни хотели со 5 ѕвездички. Овде е и  малото островче Келифос кое има форма на желка, не е населено, но има плажи за оние што сакаат да бидат подалеку од гужвата.

Неос Мармарас

Најдолу на западната страна на полуостровот се наоѓа Торони: мало, спокојно местенце, со мирно море.

Ако сакаме преминеме на источната страна на полуостровот, после Никити  го поминуваме пристаништето Агиос Николаос, и стигнуваме до прекрасните плажи: Лагониси, Родиа, Каламици…

Агиос Николаос

Панорама на Каламици


Каламици

Родиа

Во Вурвуру сместувањето е во огромни приватни куќи со базени и широки дворови со трева и цвеќиња, каде можеш слободно да ги оставиш дечињата во својата игра додека си правиш скара за вечера со друштвото. Овде се наоѓа една од најубавите плажи на светот, со плитка топла вода, живописни карпи, и да не заборавиме: безброј места за фотографирање.

Вурвуру

Кариди

Сарти

Сарти е шармантно мало селце со убави апартмани, широка и долга плажа. Овде Света Гора ја покажува сета своја големина и мистика и благословува со мир. Изгрејсонцата над Атос се чудесни, надреални, инспиративни.

Изгрејсонце над Атос

Магијата на Сарти продолжува со појавувањето на месечината која со совршеното темпирање на време и место, изгрева од морето, зад најјужните карпи, кревајќи се полека, отпрвин како мало далечно фенерче, а потоа заблескувајќи високо на небото придружена со отсајот во морето.

месечината

Убавина, убавина, убавина насекаде, го крева расположението, те прави среќен, те придвижува, воздигнува и вознесува, се отвораш за неа, а таа те обзема потполно така што посакуваш тоа чувство да трае вечно.

Лагомандра

Orange Beach

патопис

My Top 10 Happy Places in Greece

Happy Place no. 10: Mylopotamos Beach, Tsagarada

Tsagarada is especially famous for its Mylopotamos Beach. It is a wide, pebbly beach, separated in two by a gorgeously sceneric rock. 928 more words

Travel

Skala Fourkas, Halkidiki, Greece

Skala Fourkas, Halkidiki, Greece is a perfect place for your summer vacation. Blue, azure pristine water, white sand beach and beautiful pine wood surroundings is what makes Skala Fourkas first choice for many vacationers. 59 more words

Apartment