Tags » Pílula

Што доколку партнерот, дечко ти, не сака да користи кондом?

Што доколку партнерот, дечко ти, не сака да користи кондом? Ти вика “со кондом не ми е убаво толку” или пак “ај само овој пат без кондом”. Колку од нас го доживеале ова преговарање дали да се употреби кондом? Особено она “не се секирај, ќе свршам надвор и излезам на време”. Колку сте сигурни дека ќе “излезе на време” и дека нема да останете бремена?

Сексот без кондом носи ризик од сексуално преносливи инфекции, ХИВ и несакана бременост. Има многу причини поради кои девојките се одучуваат на секс без кондом, но има уште толку многу последици поради тоа ризично однесување!

И после фрки, циклусот доцни, дали сум бремена, па сто пати пресметувате каде свршил партнерот, дали да купам тест за бременост, каде да го купам, кој е најдобар тест, дали е скап, дали да одам на гинеколог, дали ќе ме дознаат другите…

Реално нели?

Затоа наместо да се оптоварувате со вакви слични ситуации, превенирајте ги!

Дискутирајте со партнерот, објаснете колку е важно да водите грижа за вашето здравје, дека не можете да уживате во сексот, доколку постојано мислите дали ќе сврши внатре! Плус, многу од сексуално преносливите инфекции немаат симптоми! На крај краева, дали сакате да останете бремена, а одите во школо или пак студирате? Дискутирајте со гинекологот, прашајте која контрацепција би била најдобра за вас, кондом, спирала, пилула!

„Да, да го знам тоа, ама пак...“

Разговор меѓу две другарки:

– „Денес бев на гинеколог за да се распрашам за орална контрацепција и планирам од наредниот месец да почнам да користам, веќе имам и рецепт. Гинекологот беше многу фин и ми објасни сè што ме интересираше.“
– „Леле, дали си ти нормална, па знаеш ли колку ќе се здебелиш, може дури и бркови да ти пораснат!“
– „Ај не збори глупости, тоа останало од времето. Денес медицината е далеку понапредна и апчињата се целосно безбедни. Не можеш да се здебелиш, ниту да ти пораснат бркови, напротив, апчињата ја исфрлаат непотребната течност во телото и ги регулираат хормоните. Корисни се за повеќе работи, не спречуваат само несакана бременост.“
– „Остави ти тоа, јас не верувам во такви работи. Тоа се хормони сепак, тоа е нож со две острици. Ако ги користиш долго може и да немаш деца!!!“
– „Тотално не си во право. Баш напротив, со апчињата се зачувуваат јајце клетките бидејќи не доаѓа до овулација, што значи дека не трошиш за џабе совршено здрави јајце клетки, туку ги чуваш кога ќе бидеш спремна и ќе сакаш да основаш семејство. Нема да дојде до несакана бременост, но само доколку ги пиеш редовно. Не заборавај само дека апчињата не штитат од сексуално преносливи болести, затоа апче и кондом најсигурна комбинација“.
– „Да, да го знам тоа, ама пак…“
– „Ако не ми веруваш мене, информирај се, на интернет можеш да најдеш еден куп информации, но најубаво ќе ти објасни гинекологот. Еве, прашај го нареден пат кога ќе одиш, чисто информативно, не можеш ништо да изгубиш, можеш само да научиш нешто ново.“
– „Баш ќе го прашам да ти кажам, ме заинтересира со муабетов. Значи сигурна си дека не се опасни? Мајка ми ми има зборувано дека хормоналната терапија може да доведе до сериозни компликации…“
– „Секако дека има несакани ефекти, како и кај сите апчиња, но тие не се толку чести. Во времето на нашите мајки било поинаку, сигурно не ги продаваат истите апчиња и сега, не се будали фамацевтските компании. Колку е напредната медицината, не се ни сомневам дека апчињата не се подобрени“.
– „Имаш право. А други позитивни работи има?“
– „Секако. На пример меснтруацијата нема да ти биде толку обилна, ПМС симптомите се намалени, нема да имаш големи болки… А да, најдобриот дел: можеш да си планираш однапред неколку месеци кога ќе добиеш. Нема веќе изненадувања за одмор или викенд, си имаш комплетна контрола над циклусот.“
– „Леле колку мразам кога ќе добијам на одмор, налет.“
– „Знам, колку пати ни се има случено тоа? Затоа, престани да веруваш во бабини деветини и правец на гинеколог за да се распрашаш.“
– „Ќе закажам уште утре да знаеш.“

типови на крварења

Нормалниот менстурален циклус трае измеѓу 21-35 дена. Се’ што  трае пократко од 21 или пак подолго од 35 не е ок и треба да се обратите на гинеколог. 11 more words

Каде што постојат митови и неточни информации, постои и погрешен избор.

Митови, погрешни информации, нецелосни информации постојат за се’ и сешто. Исто така и за оралната хормонска контрацепција, каде митовите и погрешните информации преовладуваат повеќе за разлика од точните и вистинските информации. Каде што постојат митови и неточни информации, постои и погрешен избор.
Оралната хормонска контрацепција на светско ниво е еден од најпопуларните методи на заштита од несакана бременост. За потсетување, кондомот заедно со пилулата, нудат над 99% заштита од несакана бременост и сексуално преносливи инфекции. Пилулата е еден од најистражуваните и најупотребуваните лекови во светот!
Употребата на пилулата, на модерната орална контрацепција е највисока во САД, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Во Хрватска, како земја блиска на нашата, во 2007 година, 80.000 девојки и жени на возраст од 15-49 години користеле орална контрацепција. Сексуално активните адолесценти што не користат контрацепција имаат 90% шанси да забременат во период од една година.
Причината зошто постојат погрешни информации за оралната хормонска контрацепција е тешко да се каже. Факт е дека постојат! Сметам дека дел од одговорноста лежи кај пријателите, семејството, медиумите кои ги пласираат тие информации, наспроти мислењето на стручните лица, гинеколозите. Многу често се потпираме на другите искуства и забораваме дека секој секој од нас е различен. Затоа и секогаш ве охрабрувам на редовни прегледи и консултации со матичниот гинеколог!
Дали знаете дека пилулата не штити само од несакана бременост, туку има и други не-медицински придобивки?

Estou cansada e outras coisas!

Estou cansada… Mas ontem estava pior! E na semana passada, ui… Nem sei dizer!
Ando cansada, irritada, custa-me adormecer, tudo me chateia, no trabalho rebento com facilidade, em casa só me apetece chorar… 182 more words

PILULA UCIDE: #ThePillKills

Desi acest blog a inceput prin a se dori relativ general, realitatea a impus prezentarea unui numar mai mare de informatii despre pilula avortiva (RU 486/mefipristona). 167 more words

Pilula Avortiva